Димитров и Палмер разговараа за ЕУ и НАТО перспективите на Македонија

0
317

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија, на која, како што соопштија од МНР, разговарале за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија и во Регионот.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

МНР Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција  и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, се вели во соопштението.

Претходно Палмер имаше средби со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи. Најавена е средба со премиерот Зоран Заев.

Извор:НоваТВ