Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ да му дозволи на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, да се обрати пред пратеници во Собрание на расправата за отворање на Уставот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, го прочита барањето адресирано до Собранието на денешната седница, но Џафери рече дека не постои таква можност во Деловникот која би му овозможила да го покани Мицкоски.
Освен тоа, Џафери реагираше на фактот што писмото не е адресирано до него како претседател на Собранието.
-Ако имате барање или некакво писмо до Џафери доставете му го на адреса во село Форино каде што тој живее. Ова што вие го зборувате нема врска со Деловникот. Прво и основно ВМРО-ДПМНЕ не е орган или организација, туку политичка партија, а Мицкоски е претседател на партијата, а не пратеник. Нема услов да го поканам Мицкоски, а освен тоа за покана јас барање не сум добил од никого – рече Џафери.
Повеќе на :fokus.mk











