Алијанса за Албанците: Референдумскиот резултат е поради чувството на граѓаните дека стариот се замени со нов режим

0
424

Алијансата за Албанците побара премиерот Зоран Заев веднаш да го разреши вицепремиерот Бујар Османи, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, кога беше министер за здравство.

„Бујар Османи повеќе неа морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои во главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција. Покрај тоа, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би и наштетил на независноста на судството, имајќи го во предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. Османи треба веднаш да биде разрешен за да им овозможи на судиите да бидат во состојба да донесуваат одлуки без политичко мешање и притисоци“, бараат од АА.

Од партијата на чело со Зијадин Села велат дека имунитетот којшто корумпираните функционери на ДУИ го уживаат владата на Заев предизвика значителна недоверба во судството меѓу граѓаните, како што е наведено и од страна на ОБСЕ во својот прв извештај за евалуација на работата на Специјалното обвинителство.

Извор:fokus.mk