Денеска се одбележуваат 77 од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.
Традиционално по повод празникот, во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“.
Добитници на наградата се проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.
Михајловски, Лазаров и Арсовски наградата ја добиваат за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.
Денот на македонското востание ,,11 Октомври“, синоќа беше одбележан во Прилеп со светлечка 3Д визуелизација на историкси моменти на фасадата на зградата на ,,полицискиот участак“.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.










