Вонредна владина седница за уставни измени

0
199

Владата попладнево ќе одржи седница со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување на измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на РМ.

По седницата, предлогот ќе биде доставен до Собранието, каде што очекуваат измените да го добијат потребното мнозиснтво, согласно изразената волја на граѓаните на референдумот од 30 септември, велат од Владата.

Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.

За усвојување на аманмадните за промена на Уставот портребно е двотретинско мнозинство, или 80 од вкупно 120 пратеници.