Денеска седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ- ќе се консултираат што понатаму

0
219

За денеска е најавена седница на Извршниот комитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ, по вчерашната најава од партијата дека нема да преговара со власта околу обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени. Информациите се дека по денешните консултации со партиските органи и пратеничката група, утре седница ќе има и Централниот комитет на партијата, објави ТВ24.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара формирање техничка влада, смена на актуелниот Јавен обвинител и именување нов на предлог на опозицијата и Анкетна комисија за референдумот.

За СДСМ, зад барањата на Мицкоски се крие барање за амнестија на поранешниот премиер, Никола Груевски.