Денот на рефрендумот беше генерално мирен, а постапките се водеа професионално, транспарентно и непристрасно, оцени Јан Петерсен шеф на набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Администрација беше главно непристрасна, седниците на ДИК беа ефикасни, но недостасуваше суштествена дебата. ДИК водеше кампања која ја нагласуваше слободата на изразување, наместо да потикнува на излезност и содржината на Договорот за кој се однесуваше рефрендумот не беше добволно нагласена, што беше надополнето од медиумите“, рече Петерсен.
Во однос на набљудувачите кои требаше да бидат од невладини организации, ОБСЕ/ОДИХР констатира дека „голем број на акредитирани набљудувачи не успевале да се идентификуваат и се чини дека беа поврзани со политички партии“, рече Петерсон.
Шефот на делегацијата на Парламентраното собрание на Советот на Европа побара да се има поголемо почитување за оние кои излегле да гласаат и да не се зборува само за оние кои не гласале.
„Секој граѓанин има право да излезе или не, и мора да го почитуваме тоа што голем број на луѓе не гласаа од различни причини, некои протестираа, некои следеа повици за тајни или полутајни повици за бојкот, но не треба да заборавиме дека повеќе од половина милион луѓе го искористија своето право и гласаа. Мора да се покаже поголемо почитување кон оние што гласаа и не треба да се зборува само за оние што тоа право не го искористија“, кажа шефот на делегацијата на ПССЕ, Штефан Шелах.
Во однос на Избирачкиот список, Шелах рече дека „ почувствувал дека има недоверба во Избирачкиот список“ и порача Владата многу скоро да почне да работи на избирачкиот список.
„Наредните избори ќе дојдат и не треба да ги имаме овие дискуии“, кажа Шелах.
На прашање дали има минимална бројка за референдумот да се смета за успешен, Шелах кажа дека има различни примери во европските земји и дека Венецијанската комисија побарала да нема цензус за референдум.
„Ако има консултативен референдум, политичарите ги прашуваат граѓаните за нивното мислење, но на крајот политичарите се одговорни како ќе ја третираат одлуката на граѓаните. Јас сум против цензус на рферендумот, посебно кај консултативните референдуми“, кажа Шелах.
И шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР рече дека има голема разлика меѓу задолжителен и консултативен референдум.
„Овој референдум беше советодавен. Собранието ги праша луѓето да дадат мислење за прашање за кое е одговорно Собранието – одговорот го чита Парламентот“, кажа Петерсен.
На обвинувањата од опозцијата дека имало полнење на гласачки кутии, Петерсен нагласи дека набљудувачите учествувале и во пребројување на гласовите и не регистрирале ниту еден ваков слуачј.
„На претходните избори имавме документ за притисок врз државната администрација – ако не именувате 20 луѓе кои ќе гласаат, ке го изгубите работното место. За ваков притисок не слушнавме ниту еден приговор на овој референдум“, додаде Шелах.
Извор:НоваТВ











