ретседателот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ќе прифати предвремени парламентарни избори само доколку Јавниот обвинител поднесе оставка и биде формирана Анкетна комисија за нерегуларностите на референдумот.
-Менување на државниот јавен обвинител и назначување на нов, предложен од опозицијата за да ги испита сите нерегуларности на референдумот, но и на целото владеење на СДСМ во изминатава година ипол. Да се формира и анкетна комисија која ќе ги испита сите нерегуларности. Револтот на граѓаните е огромен и немаат доверба во институциите, рече Мицкоски.
Мицкоски обвини за нерегуларности на гласањето и рече дека Заев нема легитимитет за организирање на фер избори.
Извор:НоваТВ











