-На 30 септември, граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на нивната земја. На мирно и демократско гласање, мнозинството од оние што го оствариле своето право на глас рекоа “да” за Преспанскиот договор за името и нивниот европски пат. Сега Парламентот треба да ги продолжи следните чекори за спроведување на Спогодбата за името со одлука за изгласување на уставните измени, се вели во заедничката изјава на високата претставничка и потпретседателка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во врска со вчера одржаниот консултативен референдум.
Во писмената изјава се истакнува уште дека „ова е историска можност, не само за помирување во регионот, туку и за решително придвижување на земјата напред на патот кон Европската унија“.
-Сега сите политички и институционални чинители треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички ставови. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува и даи помага на земјата, на нејзините институции и на сите нејзини граѓани“, се вели во изјавата на Могерини и Хан.











