Иселеници од Австралија се снимаат како одат на гласачките места

0
533

Видео снимки од денешното гласање на македонските државјани во Австралија утрово се објавени на фејсбук страницата „предавници“.

Иселениците кои отишле да гласаат сведочат дека пред местата за гласање оние што гласаат биле подложени на тортура, навреди и притисоци поради што не можат да си го остварат правото на глас.

Преку социјалните мрежи групата бојкотирачи на референдумот објавува видеа и фотографии од своите сонародници кои гласале. Извикуваат пцости по нив, ги оцрнуваат и навредуваат.

Од оние кои не ги познаваат објавуваат фотографии и им го бараат идентитетот. Фотографиите и видеата се објавени на фејсбук.

Инаку Светскиот македонски конгрес од Австралија пред еден месеци на својата фејсбук-страница најави дека активисти на организацијата ќе бидат присутни во околината на македонската амбасада во Канбера, и на други гласачки места, за да ги снимаат и да ги фотографираат тие што ќе влегуваат, а материјалите потоа ќе ги испратат во Македонија.

Извор:НоваТВ