Трамп и се заблагодари на Турција за постигнатото решение за сириски Идлиб

0
446

Американскиот претседател Доналд Трамп кој за прв пат претседаваше со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) говореше на седницата посветена на денуклеаризацијата и оружјето за масовно уништување.

Трамп во врска со постигнатиот компромис помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин за формирање на демилитаризирана зона во подрачјето на Идлиб во Сирија рече: „Им благодарам на Турција, Иран и Русија поради тоа што ја успорија операцијата (на сирискиот режим) на Идлиб.“

Трамп говореше и во врска со Кина за која истакна дека се обидува да интервенира на изборите за американскиот Конгрес во 2018 година.

„Поради тоа што ја предизвикав во трговијата Кина не сака да победам јас.“ – рече американскиот претседател Доналд Трамп.