Ердоган во Њујорк се сретна со Палестинскиот претседател Махмуд Абас

by Administrator
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Њујорк се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави агенцијата Анадолу (АА).
73-тата седница на Генералното собрание на Обединетите нации која се одржува во Њујорк, што исто така претставува и можност за бројни билатерални состаноци на светските лидери на маргините на настанот.
Ердоган и Абас состанокот, затворен за медиуми, го одржале во во хотелот “Peninsula”.
Турскиот претседател Ердоган исто така  синоќа се состанал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а потоа и со хрватската претседателка Грабар Китаровиќ.
Ердоган одрржал и издвоени состаноци со словенечкиот претседател Борут Пахор, францускиот претседател Емануел Макрони и премиерката на Велика Британија Тереза ​​Мај.
Состаноците се одржаа без присуство на претставници на медиумите, и беа исклучителна можност за размена на мислења за низа билатерални и регионални прашања.
Претседателот на Република Турција, по завршувањето на седницата на Генералното собрание на ОН, ќе оствари официјална посета на Германија.

You may also like