Италијанската полиција заплени 1,7 тони марихуана

by Administrator
Италијанската полиција заплени 1,7 тони марихуана во гумен глисер кој бил пресретнат после дојава од страна на хрватска полиција.
Глисерот тргнал од Палагружа кон Пескари, а за сомнителното движење на чамецот спреа италијанскиот брег властите на ова земја ги известила хрватската полиција.
Италијанците веднаш на пријавеното место испратиле хеликоптер и брод, а како пренесе Хина, после потерата глисерот бил пресретнат  и на него биле пронајдени 1.7 тони дрога завиткана во прозирни пластични пакети.
Италијанската полиција уапсила две лица за кои постоело сомневање дека шверцувале дрога.

You may also like