Кина испрати сериозна изјава на САД заради вчерашните воведени санкции заради воена соработка со Русија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг.
“Кинеската страна ја изразува својата целосна огорченост во овие акции (нови санкции) … Постапките на САД грубо ги прекршија основните принципи на меѓународните односи”, изјавил тој.
Пекинг ги повика САД да ги исправат своите грешки и да ги укинат санкциите наметнати врз Кина поради воената соработка со Русија, бидејќи во спротивно американската страна ќе мора да ги сноси последиците, изјавил Шуанг, пренсува Спутник.
Тој додаде дека санкциите ги поткопуваат односите меѓу кинеските и американските вооружени сили.
Запрашан дали Кина ќе продолжи да соработува со Русија, без оглед на санкциите што ги наметнаа, тој одговори: “Ние ќе продолжиме со Руската страна да водиме консензус кој го постигнаа лидерите на двете земји и подигнуваме стратешката помеѓу државите на ниво”.
Во четвртокот, Вашингтон воведе ограничувања за Одделот за обука и снабдување на Централниот воен совет на Кина.
Белата куќа објасни дека санкциите биле предизвикани со купување на авион Су-35 од Русија во декември минатата година и ракетни системи С-400 во јануари 2018 година.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










