29
Палестинец денес e убиен во новитe судири со израелската армија на границата на Појасот Газа и Израел, објави Министерството за здравство на палестинската територија.
Портпаролот на министерството соопшти дека 20-годишниот палестинец бил убиен источно од градот Газа.
Израелските медиуми објавија дека најмалку 41 лице се повредени, додека околу 10.000 Палестинци протестирале “фрлајќи експлозивни направи, камења и запалени гуми”, пренесе “Ал Џезира Балкан”.
Војниците ги растерале со солзавец, а понекогаш и со користење на боева муниција.
Еден војник се здобил со помали повреди од гелер, соопшти армијата, додавајќи дека имало многу “обиди за вметнување во Израел”.
Палестинците, исто така, испуштале запаливи балони и змејови преку границата и предизвикале најмалку седум пожари во пограничната област.
Палестински извори соопштија дека еден израелски авион отворил оган врз група Палестинци кои фрлале запаливи направи.
Израелската армија потврди неколку воздушни напади на север од појасот Газа, но не ги открива деталите.
Масовните протести по должината на границата, наречени “Големиот мар на Враќање”, почна на крајот од март.
Палестинците протестираат против израелската и египетската блокада во Газа, воведени во 2007 година, и бараат право на враќање на палестинските бегалци на сегашната територија на Израел.
Од почетокот на митингот секој петокот, кој започна на 30 март, повеќе од 180 палестински демонстранти се убиени, а илјадници биле повредени од израелската армија, која беше распоредена на другата страна од безбедносната зона.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)
