ВМРО-ДПМНЕ бара да се објават уставните измени, СДСМ тврди дека е гарантиран идентитетот

0
204

Владата, министерот Никола Димитров како потписник на договорот и Зоран Заев како договарач на овој документ, мора да престанат со криење, а гласачите мора да ги знаат вистинските факти за да донесат правилна лична одлука на 30-ти септември, рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

“Власта во оваа кампања мора да ги даде клучните одговори, да ги запознае граѓаните со клучните моменти за што е референдумот и да не ги доведува граѓаните во заблуда. Тие мора да ги знаат сите факти, не смее да бидат манипулирани. Зоран Заев отворено рече не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот ” рече Стоилковски.

Повеќе на : РСЕ