Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

0
159

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, не се менува и останува 74 денари, а цената на „еуросупер БС-95“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 72,5 денари за литар.

Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,50 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 3,61 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,412 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Извор:Мета