Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список за престојниот референдум кој ќе се оддржи на 30.септември. Право наглас имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 граѓани.
Престојниот референдум за договорот за името е консултативен, што според референдумската регулатива, тоа значи дека неговите резултати не се обврзувачки за институциите. Од друга страна, пораките од Владата се дека волјата што граѓаните ќе ја искажат на 30 септември ќе се смета за обврзувачка.
Колку за потсетување и анализа на последните избори во земјава – локалните кои се оддржаа во 2017 година, на гласање, во првиот круг, излегоа 1.079.876 избирачи од вкупно 1.814.644 регистрирани во избирачкиот список. Тоа значеше (излезеност) одзив од 59,5 отсто од граѓаните кои излегле да го остварат своето право на глас.











