Нов документ на Викиликс за името и црвените линии на Глигоров

0
179

икиликс објави уште еден документ за долгогодишниот спор со името. Овојпат тоа е извештај од средбата што ја имале поранешниот претседател Киро Глигоров и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој на 3-ти ноември 2008-ма дошол да го посети Глигоров.

Извештајот, кој го објавува Викиликс датира од 5 ноември, и е со наслов: Глигоров бара храбро лидерство и решение на спорот за името. На средбата, Глигоров ја коментирал тогашната политичка ситуација во Македонија и неговите ставови за иднината.

Во извештајот на Рикер, според Викиликс, се вели дека Глигоров изразил разочараност поради недостигот на храбро политичко водство на актуелната влада, недостаток што тој смета дека е клучно да се постигне договор за името.

Верува дека Македонците ќе прифатат компромис со името, но, црвените линии и за Глигоров се јазикот и идентитетот да останат македонски. Глигоров му кажал на Рикер дека Македонија мора да сфати дека не е центар во политичкиот универзум на САД, ЕУ и НАТО, и мора да прифати дека волјата што ја имаат меѓународните организации да помогнат во спорот, има свои граници, се вели во најновиот документ.

Грчкиот весник Та Неа, коментира дека по се изгледа „црвените линии“ за кои инсистирал Глигоров се исполнети со Договорот од Преспа, а за кои македонската страна ниту сега не отстапила.

Извор:НоваТВ