ОЈО: Покрената истражна постапка за 3 лица за убиството во Дебар

0
676

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

-Првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица. Ваквиот предлог беше прифатен и судијата на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Истражната постапка продолжува во насока на целосно расветлување на овој настан и обезбедување материјални докази, се вели во соопштението.

Пред два дена МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава за убиство против 28-годишната Б.П. постарата ќерка во семејството Поцеста кое беше ладнокрвно убиено во нивниот дом во Дебар.

Порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата, претходно објави дека извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка, заедно со двајца соучесници.

Извор:НоваТВ