Заев и СДСМ бесрамно ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, со кој се откажуваат од се што е македонско, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ тргнаа во кампања за референдум за капитулантскиот договор, а се срамат да спомнат збор за заштита на Уставот, историјата, традицијата. Нема подобар доказ од тоа дека Заев се согласи да ги прифати грчките црвени линии со кои се брише името Република Македонија и се брише македонскиот идентитет. Заев молчи околу тоа како ќе се вика државата доколку му помине референдумот, дали ќе има македонско малцинство во Грција и македонски топоними“, велат од опозициската партија.

Во нивното соопштение стои дека власта се обидува да ги изманипулира граѓаните дека нивното криминално и расипничко работење е работа по европски стандарди.

Повеќе на: fokus.mk