Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија денеска со граѓански трибини во Дојран, Валандово и Тетово ја продолжува камањата за референдумот. Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска на трибини во Дојран и Валандово на граѓаните ќе им објаснува кои се придобивките за Македонија од влезот во ЕУ и НАТО а преку успешен референдум кој подразбира и поддршка на Договорот со Грција.
За истата цел, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе одржи трибина во Тетово.











