Премиерот Зоран Заев и денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.
Затоа јас, наваде Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин, и оти мора да изнајде начин.
– Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот – рече Заев.
Извор:НоваТВ











