Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во посета на Берово каде масовно се прославува празникот Успение на Пресвета Богородица. Тој порача дека неговата партија подготвува програма и си стои на зборот.
„Денес се наоѓаме во Берово, помеѓу граѓаните во Берово и Беровската општина. Ја користам оваа прилика на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник и да им посакам многу здравје, среќа, успеси на нив и нивните семејства, во период кој што ни доаѓа да се радуваме за успешна, среќна и просперитетна Република Македонија.
За жал од искуствата кои што ги добивам овде од граѓаните црна е сликата која што преовладува во Берово и Беровско. Се сретнавме со реални и сериозни егзистенцијални проблеми. Знаете дека откупот на сливата заврши неславно, 20.000 тони слива остана не откупена, луѓето не можат крај со крај да сврзат, луѓето се наоѓаат во тешка мака, имаат сериозен предизвик како да ја поминат годината до следната реколта.
Истото се случува и со младите од овој крај, масовно го напуштаат овој крај. Луѓето навистина мака мачат како да ја совладаат егзистенцијата односно да ги решат основните егзистенцијални проблеми.
Повеќе на:фокус.мк
