Православните верници во Македонија денеска го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, или познат како Голема Богородица.
Честитки по повод празникот испратија политичките лидери.
-Дозволете ми да им го честитам на сите христијани големито празник Успение на Прсевета Богородица, празник на љубовта и радоста. Колку и да изгледа чудно што со радост го славиме успението на Богородица во царството Божје, по нејзината смрт, но дотолку повеќе се потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така вечни. Споделувањето на овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината не упатува на помислата дека многу често ги забораваме под притисокот на минливите дневни искушенија. Јас сум сигурен дека сите тие стануваат решливи со радсот, добрина и љубов, рече премиерот Заев во Крива Паланка каде присуствуваше на Божествената литургија посветена на Успението на Пресвета Богородица во храмот на манастирот св.Јоаким Осоговски.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со со сопругата Маја и синот присуствуваа на големиот црковно-народен собор што по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица секоја година се одржува во охридското село Скребатно.
Честитки до верниците упатија и претседателот на Собранието Талат Џафери, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.











