Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања усвои нов начин на покривање на трошоците на пратениците, со што од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата кои не поседуваат живеалиште во Скопје, ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден на работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за патарина и за гориво во висина од 20 отсто или ќе закупат стан за кој Собранието ќе издвои средства од најмногу 400 евра, а трошоците за гориво ќе им бидат покриени само за викенди.
Според пресметките на Собранието и тврдењата на пратениците, со ова драстично ќе се намалат средствата за патни трошоци за пратениците, кои досега чинеа илјадници евра.
Повеќе на РСЕ











