На армискиот полигон „Криволак“ припадници на војската на Црна Гора, врз основа на планот за билатерална армиска соработка за годинава, од денеска до први септември ќе реализираат обука со артилериско гаѓање, со потребната подршка од Армијата на Република Македонија.
“Армијата на Република Македонија, покрај овозможување на непречено користење на капацитетите на АП „Криволак“, за време на изведување на активностите со свои припадници ќе обезбедува соодветна стручна помош, воено полициска придружба и потребна санитетска и логистичка подршка”, соопшти Министерството за одбрана.
Повеќе на:РСЕ/ фото:МИА










