Обиколницата над Битола на магистралниот пат Прилеп – Охрид вечерва е затворен за сообраќај поради свлечиште. Како што информираат од АМСМ, патниот правец е затворен во двата правци, а возилата се пренасочуваат низ градот.
-Поради свлечиште над патот А3 Битола – Ресен поточно на раскрсница за с.Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај м.в Билбил Камен, истиот е затворен во двата правци од 19.40 часот, се вели во соопштението.
Овој дел од обиколницата беше пуштен во употреба во мај годинава, откако беа санирани две свлечишта, кои се појавија по големите поплави во Пелагонија во 2015 година.
Патот повремено беше пуштан во употреба, но секое ново лизгање на земјиштето од ридот создаваше проблеми, затоа што имаше одрони од камења на коловозот.
Најверојатно поројните дождови ова лето повторно активираа делови од ридот поради што оваа делница од вечерва е повторно затворена за сообраќај.
Извор:НоваТВ/Фото:Бриф










