Пратениците на ДУИ се изјазнија „ЗА“ референдумот

0
257

Парламентарната Група на Демократската Унија за Интеграција денес го информира Претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници на кампањата што Собранието треба да ја води како овластен предлагач на Референдумот што треба да се оддржи на 30 септември годинава.

Имајќи ги предвид нашите лични определби како Пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на екзекутивната и локалната влас но и на цивилното општество, ќе води кампања ЗА Преспанскипот Договот и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство.

Извор:НоваТВ