Еден параглајдерист починал при пад кој се случил околу 12 часот и 40 минути кај Мечкин Камен, а вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките повреди вечерва им подлегнал на повредите.
Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавност при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.
Од МВР засега не соопштуваат други детали за настанот.
Полицијата направи увид на местото на несреќата.










