-Може и граѓаните да не гласаат, поради неинформираност или од други причина да одлучат да останат дома. Во таков случај ја пренесуваат одлуката на институциите. Со сите правници се консултирав и дојдовме до заклучок дека тоа всушност значи така. Но не сакам ни да зборувам што доколку биде така. Нема ако. Овој пат на референдумот одговорноста ќе ја преземеме за себе и своето семејство, и ќе излеземе да гласаме онака како што мислиме. Опција има за или против. Но нема опција дали да излеземе или не. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти, порача тој.

-Сите знаеме дека огромно мнозинство ќе бидат за, и таа волја на граѓаните треба да ја почитуваме. Уверен сум дека ќе биде успешен со повеќе од 50 отсто излезност, и огромно мнозинство ќе гласаат за европската иднина. Нема друга алтернатива за Македонија. Можеме да бидеме различно партиски и религиски определени, богати или сиромашни, но сите сме еднакви граѓани со еднакви права и обврски во оваа земја. Сега правата и обврските доаѓаат заедно. Убеден сум до небото дека ќе излезат да ја кажат одлуката. Убеден сум дека ќе успее референдумот, а потоа ние ќе го послушаме нашиот народ, додаде тој.