ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата и ќе бара мнозинството да се откаже од ставовите за референдумот, изјави генералниот секретар Игор Јанушев.
Тој го обвини парламентарното мнозинство дека продолжува со, како што рече, самоволието и тоа за најважното прашање, референдумот за Договорот за името.
„Свесни дека договорот е штетен, се обидуваат на сила да протуркаат повеќесмислено прашање, без да ги земат предвид аргументите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ во тој процес не прифати да биде алиби на власта и единствено декор. Прашањето мора да биде прецизно и недвосмислено, за да можат граѓаните да одговорат со за или против“, изјави Јанушев.
За евентуален бојкот на референдумот, Јанушев рече дека за тоа ќе одлучуваат највисоките партиски органи.
„СДСМ сака да протне договор за капитулиција. Бараме парламентарното мнозинство да се откаже од ваквото однесување. Заев и СДСМ имаат одговорност за антидржавниот и капитулантски договор“, изјави Јанушев.
Извор:НоваТВ










