Заев: Очекуваме фер вреднување за заслуженото место во ЕУ и НАТО

0
269

Очекуваме фер вреднување според индивидуалните заслуги и го очекуваме заслуженото место во Европската Унија (ЕУ) и НАТО. Затоа значајна е нашата средба посебно што Република Романија од 1 јануари 2019 година ќе го преземе претседателството со ЕУ и ќе претседава во клучните месеци за Република Македонија. Тоа се месеците кога треба да ги завршиме внатрешните реформи и да го заокружиме договорот со Република Грција, ѝ порача премиерот Зоран Заев на романската премиерка Виорика Данчила која денеска е во официјална посета на Македонија.

„На реформите во правосудството активно работиме, а очекувам и успешен референдум и уште една зрела, мудра, прогресивна одлука на големото мнозинство граѓани која што ќе го потврди патот за нашето членство во НАТО и ЕУ. Големото мнозинство граѓани еднаш избра демократија наместо режим и ни ги довери честа и одговорноста како прогресивна влада да ги направиме позитивните промени за квалитетен живот за кој зборувам и да ја внесеме земјата конечно во ЕУ и НАТО. Следната година во јуни сакаме да Ви заблагодариме уште еднаш и уште посилно за отворените пристапни преговори со Република Македонија“, рече Заев на заедничката прес-конференција.

Премиерката на Романија, Виорика Дончила, посака успешен референдум за Договорот со Грција и изрази надеж дека тоа граѓаните на Македонија ќе го разберат.

„Се надевам дека ќе имаме консензус во Советот на Европа и дека до крајот на 2019 година ќе ги отворите првите точки за преговори. Ви посакувам голем успех со референдумот во септември оваа година, се надевам тоа ќе го разберат сите граѓани на Република Македонија“, рече Дончила.

Премиерот Заев уште порача дека двете земји на билатерален план имаат огромен потенцијал за развој на економските односи и прати порака до бизнис заедницата во Романија дека вратите за соработка во Македонија им се отворени.

Данчила истакна дека е можна и потребна поголема соработка во областа на земјоделието, образованието, културата и туризмот. По средбата Дончила го покани Заев и министрите на посета во Романија како би се продлабочиле билатералните односи меѓу двете земји.

На средбата било разговарано и за евроаталанскиот пат на Македонија, бидејќи Романија го презема претседателството со ЕУ од јануари 2019 година. Заев изјави дека месеците во кои Романија ќе претседава со ЕУ се клучни за Македонија.

Извор:НоваТВ/Фото:МИА