Ахмети: Опозицијата да ги стави државните интереси пред партиските

by Administrator

Би сакал првиот дел од денешната средба да ја оценам најпозитивно, имајќи предвид дека владата се повлече од првичните позиции во интерес на државата и за опозицијата да го добие тоа што го бараше – изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба која штотуку заврши.

Ахмети вели дека вториот дел од средбата за него бил разочарувачки.

– Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред се државните интереси – изјави Ахмети.

Тој рече дека дискутирани се многу детали и дебатирано е доста за ова прашање.

-Конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси, а тие се да бидеме членка на ЕУ и НАТО – рече Ахмети.

You may also like