Орбан на Заев му го честита Договорот со Грција

0
311

Премиерот Зоран Заев добил писмо од унгарскиот премиер Виктор Орбан со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји, информираат од владината прес-служба.

Во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишал и во име на Вишеградската Четворка, го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го најдоа во врска со прашањето за името.

„Унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатланската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија. Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на Европската Унија со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ“, се вели во писмото.

Орбан во писмото исто така вели дека Унгарија ја поддржува поканата за членство што Макеоднија ја доби од НАТО на 11 јули.

Извор:Мета