Владата до Собранието достави предлог за ДИК да се гласа со 61 глас

0
246

Владата денеска до Собранието доставила измени во Изборниот законик со цел да се деблокира изборот на Државната изборна комисија.

Измените треба да бидат усвоени по скратена постапка, а целта, според првичните информациите, е членовите на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство, да се избираат со апсолутно, односно со 61 глас.

Нема уште информации дали останува истиот модел на ДИК што го усогласи СДСМ со опозицијата, а според кој ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи претседател и уште еден член на комисијата.

Целта е да се деблокира изборот на ДИК, за да може да почнат подготовките за референдумот.

Засега нема реакција од ВМРО-ДПМНЕ која изборот на ДИК го условува со Закон за финансирање на политички партии и техничка влада.

Извор:Мета