Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола.

0
268

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров, од СДСМ, дознава „Макфакс“.

МВР во врска со овој случај, претходно соопшти дека во 4.20 часот лицето Г.К. пријавило дека неговото возило „форд фокус“ било опожарено на улицата Климент Охридски.

Во соопштението на МВР се вели дека делумно се оштетени уште две други возила, „тојота jарис“ и „мерцедес“, со битолски регистарски таблички, кои биле паркирани покрај опожареното возило.

MD