Премиерот Зоран Заев од Брисел најави прослава во 15 македонски градови, в сабота по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во Алијансата.

На вчерашниот прв ден од Самитот на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг ја потврди поканата за нашата земја и рече дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.