На 11 јули, во 17:00 часот ќе се одржи „Марш на солидарноста“ во Скопје за солидарност со жрвите на геноцидот во Сребреница во 1995та и нивните преживеани членови од семејството. Ова е идеален момент да се здружиме против омразата која може да ја продуцира човековиот ум! 


Омразата која почнува со навреди, продолжува со физичко насилство и чекор по чекор доведува до геноцид – истребување!
Граѓани на Скопје, на Македонија, Сребреница не е само симбол на геноцидот врз Бошњаците, Сребреница е симбол на омразата кон различниот од нас и желбата да се уништи еден народ само поради неговата различна етничка и верска припадност!
Никогаш да не се повтори Сребреница, никому и никаде!
Ве очекуваме во паркот Чаир (позади Веро во Чаир) од каде ќе пешачиме сè до Плоштадот Македонија!

извор: Jasmin Redjepi

MD