ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави против Заев и пратениците од власта

0
319

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласаа за Договорот со Грција. Партијата бара тие да одговораат за : велепредавство, загрозување на независноста,  здружување заради непријателска дејност и за злоупотреба на службената положба и овластување.

ВМРО-ДПМНЕ до Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласаа за овој капитулантски, противуставен и противзаконски договор потпишан со Република Грција.

„Чинот на договарањето на капитулантскиот договор, и носењето на Законот за ратификација е кршење на повеќе закони, на Уставот и воопшто обид за изигрување на целиот правен систем во Република Македонија, со обид за изигрување на опозицијата, на јавноста и на Претседателот на државата“, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавното Обвинителство и судскиот систем да го надминат стравот, да се одважат пред политичкиот притисок и да постапат согласно законите и професионалниот интегритет, процесуирајќи ја пријавата и да одмерат соодветни казни за сторителите на овие дела“ пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ од каде исто така наведуваат дека „вакви дела не застаруваат“.

Извор:НоваТВ