Заев: Иванов да го потпише Законот за Договорот со Грција

0
374

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелира денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија.

„Процесот има решение, тоа го знае јавноста. Убаво е претседателот да го потпише Договорот и нека остане на своите ставови. Тие се легитимни, секој има право на тоа. Јас со него за многу работи се согласувам, реформите во Армијата, дипломатите почна да се поставуваат,… За ова прашање не се согласуваме, но законите и Уставот не обврзуваат како да постапуваме – потпишан Закон, апсолутно влегува во сила, но референдумот е конечен. Драго ми е што стигаат вакви сигнали од претседателот и опозицијата, но граѓаните се тие што не ставаат во позиција или опозиција, тие се многу свесни. Да покажеме дека сите ги почитуваме Уставот и законите, дека сме за НАТО и ЕУ, тоа од нас граѓаните го очекуваат и е најмалку што моежеме да сториме за нив“, истакна Заев.

Тој, како што додаде, верува во нашиот народ и во успешноста на процесот со кој ќе се гордеат многу генерации.

„Знаеме дека немаме друга алтернатива освен интеграциите во НАТО и ЕУ. Тврдам дека имаме фер и правичен Договор. Конечно успеваат вековните аспирации на нашите претци и имаме нов пријател кој веќе гледаме како не поддржува. Да ги оставиме граѓаните да ја слушаат дебатата, секој нека си ги каже своите ставови, а на крајот, зад параванот сме сами и ќе одлучиме за нас, за нашите деца, семејсатва и за дражвата“, истакна премиерот.

Нарекувајќи го фер и правичен, Заев напомена дека Договорот денеска е вторпат ратификуван. Следуваат референдум, уставни промени, а потоа и ратификација во грчкиот Парламент.

„Тогаш Договорот и официјално е во сила, а тоа значи дека за меѓународна употреба во сите инситуции, во сите држави, ќе се употребува новото име. Како ќе се отвораат поглавјата, но не повеќе од пет години, така ќе пенетрира и употребата дома. Тоа е Договорот, чесно, и сите треба да се придржуваме до него, на неговиот позитивен аспект, да го спроведеме. Водилка ни се граѓаните и институциите во двете земји“, подвлече премиерот.

Извор:НоваТВ