Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со макеоднскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

Столтенеберг го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, оценувајќи го како огромно постигнување и пример за другите во регионот.

„Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.

Нагласи дека, сепак, без финализирање на договорот Македонија нема да може да се приклучи во НАТО. Очекува граѓаните на Македонија да ја препознаат шансата и да ја искористат.

Прашан за очекувањата од претстојниот Самит, Столтенберг кажа дека верува оти земјата ќе биде поканета да почне пристапни преговори.

„Откако ќе ги завршиме пристапните преговори и ќе биде затворен договорот за името, тогаш земјата ќе стане полноправна членка“, рече Столтенберг.

Премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика да се гласа позитивно на референдумот.

„Република Македонија изгради мостови за решавање спорови со соседните земји. Договорот со Грција го откочи процесот за конечно да станеме дел од НАТО. Чекор по чекор, за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Силната волја за решавање спорови ни донесе многу среќни вести. Сега имаме за што да се обединиме. Да кажеме „да“ за нашата иднина“, рече Заев.

Премиерот Заев рече дека Македонија очекува да стане 30 членка на НАТО, а нејзиното знаме да се развее на јарболите пред седиштето на Алијансата.

Истакна дека Македонија ја чека поканата од 2008 година кога беше заклучен дека ги ги испопклнува сите услови и стандарди за влез во НАТО.

Извор:НоваТВ