Утре чекаме чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.
„Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО“, рече Пендаровски.
Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.
„Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт, а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговори со ЕУ за јуни следната година“, оцени Пендаровски.
Тој додаде дека во изминатата година Македонија затворила три крупни стратешки прашања – првото е потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, што според него било камен на сопнување за приближувањето кон ЕУ. На внатрешен план е донесен Законот за јазици – стожерен елемент на Рамковниот договор и последното е потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот со името.
Извор:НоваТВ
Повеќе на:МИА.MK










