Ременски: Ако Иванов не потпише, Уставен е обврзан да поведе постапка

0
407

Кон крајот на наредната недела, пратениците повторно ќе гласаат за ратификација на Договорот со Грција, откако шефот на државата денеска изјави дека нема да го потпише указот за негово прогласување.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски потсети дека по повторното гласање на Законот, претседателот е должен да го потпише согласно член 75 од Уставот.

Ременски вели дека доколку претседателот одлучи да не го потпише и по вторпат Договорот, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој, како што рече, нема право.

-Поради сето ова, ваквото однесување на претседателот може да биде предмет на правни лекови во Собранието, тука мислам на импичментот, но и Уставниот суд и други надлежни институции имаат право, но и обврска да поведат постапки, рече Ременски.

Ременски му реплицира на шефот на државата кој пишува дека „спогодбата ја доведува Макеоднија во полжба на потчинетост спрема друга државата, што е кривично дело според член 308 од Кривичниот законик“.

-Прашањето може да го поставиме и вака: Дали претседателот, ставајќи се во интерес на други центри на моќ, не станува очничар на евроатлантската иднина на земјата и нели, може овој член да се однесува и на Претседателот на републиката, кажа Ременски.

Претседателот на државата Иванов одби да го потпише Указот за прогласување на Договорот со Грција, зашто спогодбата била спротивна на Уставот.

Извор:НоваТВ