Груби: Предлогот за импичмент на Иванов е подготвен

0
438

 -Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпаторот кој нема легитимитет посебно кај Албанците  да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби.Според Груби, Иванов ги предводи малкумината кои се против евроатлантска интеграција на замејата.

Груби исто така кажа и дека предлогот за импичмент за Иванов е подготвен, но се чека „вистинскиот момент“ да го достават до Собранието.

Тој додаде дека се консултираат со повеќе правни и уставни експерти за да се избегне блокадата на Иванов, ако и по повторното изгласување, не стави потпис на Указаот за ратификација на Договорот со Грција.

Извор:НоваТВ