Мухиќ: Сега гласав против, за ратификацијата ќе видиме

0
399

Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против  Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија  да се донесе по скратена потапка. Мухиќ гласаше за дневниот ред на седницата.

Во изјава за НОВА ТВ, Мухиќ потврди дека гласал против .

„Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“, кажа Мухиќ за НОВА ТВ.

На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рече „ќе видиме“.

За Договорот да се носи по скратена постапка, гласаа 69 пратеници од власат, а 40 беа против. Пратениката група на ВМРО ДПМНЕ  ја напушти седницата.

Извор:НоваТВ