Демонстрантите повикаа на протест утре во 11

0
207

Учесниците на денешнот протест против промена на името, кој се одржа пред Собранието, повикуваат на нов протест на исто место, утре во 11 часот.

Денешниот протест за разлика од вчерашниот помина во мирна атмосфера.

Пред Собранието се слушаа патриотски песни, а говори одржаа Солза Грчева, Филип Петровски и други учесници на протестот.

Тие во своите говори изразија разочараност од постигнатиот договор со Грција и разочараност од актуелната власт.

Инаку утре, во терминот кога демонстрантите повикуваат на протест, во Собранието на дневен ред е ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Извор: НоваТВ