МВР објави видео од вчерашниот протест пред Собрание

0
406

Од Министерството за внатрешни работи објавија видео од вчерашниот протест против промена на името кој се одржа пред Собранието. На видеото се гледа насилна толпа составена од педесетина машки лица како ги турка барикадите пред Собранието. Насилниците со покриени лица гаѓаат со разни предмети кон полицајците кои стојат во кордон пред Собранието, а од МВР соопштија дека имало и молотови коктели.

Полицијата приведе 26 лица за вчерашните протести во Собранието. Дел од демонстрантите, од кои голем број  биле маскирани,  насилно ја турнале заштитната ограда и  со камења и пиротехнички средства фрлале кон зградата на Собранието и полицискиот кордон,  обидувајќи се насилно да влезат во Собранието, соопшти МВР.

Повредени се 10 полициски службеници, а седум лица побарале лекарска помош. Според полицијата, дел од демонстрантите пред да стигнат до Собранието упаднале во два ресторани на плоштадот Макеоднија.

Извор:НоваТВ