Запалено возилото на пратеникот Хари Локвенец

0
578

Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа еден час пред полноќ било запалено од за сега непознати сторители.

Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција но за сега нема информации дали ова има врска со палењето на возилото.

Како што е наведено во полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп синоќа во СВР Битола во 23:05 часот пријавил дека околу 23:00 часот непознат сторител го запалил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.

Екипа на Територијалната противпожарна единица-Прилеп го изгаснала пожарот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Извор:НоваТВ