Обвинетиот за „Убиство во обид“ на пратеникот Зијадин Села со Брза помош беше изнесен од Судот. На Александар Јаневски – Тошта му се слоши во Судот, откако двапати беше предупреден од судијката да го почитува редот во судницата.

Претходно обвинетиот Јаневски и се обрати на судијката и праша: „Зошто ме судите за убиство во обид кога се знае кој го кренал телефонот од горе. Ме судите зашто сум основач на ВМРО“, кажа Јаневски, откако судот соопшти дека за него останува обвинението за обид за убиство.

По ова, тој се струполи на земја, а судијката побара од присутните да ја напуштат судницата. Беше повикана Брза помош која го изнесе Јаневски од Судот.

На почетокот на денешното рошиште, надлежниот обвинител соопшти дека го повлекува обвинетието за Сашо Сенков, поради тоа што новиот видео доказ дал сосема поинаква слика за неговите дејствија во однос на пратеникот Зијадин Села. За други двајца обвинето Цеко Ѓорѓиевски и Стојан Павлевски – Кобра се преквалификува делото од обид за убиство во „Насилство“. За останатите обвинети постапката ќе продолжи  без измени во Oбвинителниот акт.

Извор:НоваТВ/Искра Опетческа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here